ДОМОТ ЗА НЕСАКАНИ ДЕВОЈЧИЊА

399 ден590 ден

На залиха

Во 50тите години на минатиот век, во Квебек, Францизите и Англичаните се поднесуваат меѓусебно со несигурна учтивост. Татко и’ на Меги Хјуз, има амбиции за својата ќерка…што не вклучуваат брак со француско момче од соседната фарма. Но, Габриел Феникс и’ го заробува срцето на Меги. Откако ќе остане бремена на 15-шна возраст, нејзините родители ја принудуваат да го даде бебето Елоди на посвојување. Елоди расте во сиропиталиште во прилично несигурен живот кој добива трагичен пресврт кога таа заедно со илјадници други сираци во Квебек е прогласена за умоболна, како резултат на новиот закон што обезбедува повеќе средства за психијатриските болници отколку за сиропиталиштата. Елоди му одолева на ужасното однесување на калуѓерките и на крај, на 17-шна возраст си ја заработува слободата кога ќе биде фрлена во еден непознат и вознемирувачки свет.

Меги, пак, омажена за бизнисмен кој одвај чека да создаде свое семејство, не може да ја заборави ќерката што беше принудена да ја напушти, а случајната повторна средба со Габриел поттикнува уште еден мачен избор. Како минува времето, така приказните на Меги и Елоди се испреплетуваат, ама никогаш не се допираат…се’ до мигот кога на Меги и’ станува јасно дека мора да земе се’ што сака од животот и да тргне во потрага по одамна загубената ќерка, враќајќи ја конечно вистината што им беше одземена на обете.