Кога четиринаесетгодишната Мери Болејн доаѓа во дворецот, таа го привлекува вниманието на згодниот и шармантен крал Хенри VIII. Заслепена од љубовта и примамливата улога на неофицијална кралица, наскоро сфаќа дека е пион во амбициозните заговори на нејзиното семејство.
Бидејќи интересот на кралот почнува да опаѓа, Мери е принудена да се повлече и да ја препушти улогата на најдобрата пријателка, а истовремено и ривалка – сестра `и Ана. Поради неизвесната иднина која ја чека, Мери ќе мора да му се спротивстави на семејството и да ја земе судбината во свои раце.
Интригантен, привлечен роман…полн со љубов, секс, амбиции и сплетки околу тудорскиот двор на ХенриVIII и озлогласените игри на семејството Болејн.