Ефи Брист

390 ден

Книжевниот опус на германскиот писател Теодор Фонтане (1819 – 1898) со својот едноставен, а сепак нијансиран раскажувачки стил, побудува желба неговите дела да се прочитаат во еден здив…

На залиха

Книжевниот опус на германскиот писател Теодор Фонтане (1819 – 1898) со својот едноставен, а сепак нијансиран раскажувачки стил, побудува желба неговите дела да се прочитаат во еден здив.
Ефи Брист (1985) е трогателна и меланхолична приказна за Ефи, полетна млада девојка која во име на љубовта и емотивната слобода доаѓа во судир со моралните ограничувања на општеството во кое е принудена да живее. Станува збор за остар, ироничен роман за деструктивноста на конзервативните гледишта и строгите општествени норми кои ја задушуваат сексуалноста и животните задоволства. Од многумина оценет како врв на германскиот роман од XIX век, овој текст со својата специфична вредност се вбројува меѓу најзначајните дела чија тема е женската потрага по вистинска љубов, како Госпоѓа Бавари и Ана Каренина. Роман кој на брилијантен начин ја докажува тезата на Фонтане дека “во основа женските приказни секогаш се многу поинтересни”.
Во 1919 година Томас Ман ќе го прогласи Ефи Брист, за еден од “најзначајните шест романи на сите времиња”.

ISBN:9786082233734
АвторТеодор Фонтане
Издавач:Магор