ГОРЧЛИВО СРЦЕ-МАТИЦА

299 ден550 ден

На залиха

Едуардо Кинтана е скршен човек. Трагедијата што ги однесе животите на неговото семејство е рана која тој секојдневно одново ја отвора. Некогаш познат и признат сликар, тој тоне во тага, живеејќи од алкохол и дрога, и сликајќи портрети по порачка од кои одвај опстанува.

Ама, откако ќе му пријде таинствена жена која бара од него да го наслика портретот на мажот кој и’ го убил детето, тој наскоро се вплеткува во мрежа исткаена од измами во која никој и ништо не е како навидум изгледа. Со секој потег на сликарското четче, Едуардо почнува да отвора врати кои можеби ќе беше подобро да останеа затворени – врати кои, кога еднаш ќе се отворат, никогаш повеќе не може да се затворат.

Стаписувачка приказна за потрага по покајание, одмазда и љубов. Приказна што ја потврдува суровата природа на судбината, која секогаш е само изговор и не го менува фактот дека живееме со нашите сопствени грешки затоа што ние, и никој друг, сме ги направиле.