Во петнаесетиот век, во застрашувачките ѕидини на Константинопол, живее сирачето Ана. Таа учи да чита и пронаоѓа примерок од книга стара неколку векови. Приказната за Етон кој копнее да биде претворен во птица за да одлета до утопискиот рај на небото.
Денешен ден…Во една библиотека во Ајдахо, старецот Зино ги вежба децата во играна адаптација на приказната за Етон зачувана низ вековите и покрај суте премрежја.
И во една не толку далечна иднина…Констанца е сама на Аргос, меѓуѕвездениот брод, каде во трезорот препишува делови од приказната за Етон што и’ ја раскажувал татко и’.
Ана, Омер, Симор, Зино и Констанца се сонувачи, отпадници чии животи се величествено испреплетени. Заслепувачката фантазија на Дор не’ пренесува во светови кои се толку драматично испреплетени и маѓепсувачки што за миг забораваме на нашиот сопствен свет.