Две жени ќе се загубат при планинарење и откриваат коски од човечка рака. Локалната полиција пристигнува на местото на злосторството и не наоѓа едно, туку шест тела. Поточно, скелети. Меѓу нив, и две деца. Сите убиени со истрели во главата. Нема сведоци, нема траги и никој не пријавил исчезнување…
Тимот на Торкел Хеглунд ја презема истрагата. Повикан е и криминалистичкиот психолог Себастијан Бергман, кој ја користи можноста пред се’ за да избега од својата поранешна девојка, како и да помине повеќе време со својата ќерка Вања. Случајот се покажува како многу покомплексна загатка отколку што очекуваат. Идентитетот на жртвите е енигма, а кога успеваат да најдат трага, ненадејно се појавува Службата за безбедност и бара архивирање на сите собрани информации. Некој на висока позиција по секоја цена сака да ги прикрие овие смртни случаи…
Но, дали ќе го запрат Себастијан да ја открие вистината за тоа кои се жртвите, кои ги убил и зошто?