Храброста да се биде среќен

450 ден

Што ако еден едноставен избор може да ја отклучи вашата судбина?

Ретко се наидува на книга која на едноставен начин пренесува важни вистини за најсериозните животни прашања: значењето на (само)довербата, надминувањето на односот родител – дете и по…

На залиха

Што ако еден едноставен избор може да ја отклучи вашата судбина?

Ретко се наидува на книга која на едноставен начин пренесува важни вистини за најсериозните животни прашања: значењето на (само)довербата, надминувањето на односот родител – дете и постигнувањето самостојност, стекнувањето вистинска љубов и длабоки пријателства… И што е уште поважно – книга што нè охрабрува и нè оспособува да ги постигнеме сите свои цели и да го живееме животот што го посакуваме.

Три години по првиот разговор, разочараниот младич е убеден дека учењата на Адлер функционираат само во теорија, а не и во пракса. Но низ новите просветливачки дискусии со филозофот, тој ги продлабочува своите разбирања за моќните Адлерови учења и ги усвојува алаткките потребни за да ги примени неговите идеи во хаосот на секојдневниот живот.

Едноставна и трогателна, „Храброста да се биде среќен“ ќе запали факeл што ќе ви го осветли животот и ќе го разбуди светот што некогаш ви изгледа застрашувачки. Без разлика дали ќе ја читате самостојно или како продолжение на бестселерот „Храброста да се биде свој“, оваа книга ви нуди нов и смел начин на размислување и живеење. Со своите проникливи увиди, ве оспособува да се ослободите од оковите на минатите трауми и од туѓите очекувања и да ја искористите новостекнатата слобода за да го создадете животот што навистина го посакувате.

Изберете ја „Храброста да се биде среќен“ и ќе изберете исполнет и независен живот благословен со вистински пријателства, со зрела љубов и со работа што ја сакате.

SKU: 039641
Категории:,
ISBN:9786082810744
АвторФумитаке Кога, Ичиро Кишими
Издавач:Три