Историја

650 ден

Романот Историја на Елза Моранте се вбројува меѓу највпечатливите романескни остварувања на ХХ век.

Историја на Моранте е роман за жртвите на историскиот вител, кои во аналите остануваат само како броеви и голи факти, зад кои, всушност, се кријат чо…

На залиха

Романот Историја на Елза Моранте се вбројува меѓу највпечатливите романескни остварувања на ХХ век.

Историја на Моранте е роман за жртвите на историскиот вител, кои во аналите остануваат само како броеви и голи факти, зад кои, всушност, се кријат човечките судбини на оние исфрлени на маргините, оние слабите, различните, пасивните и исплашените. Осмислен како слика на животната борба на жилавата жена-мајка од моментот на зачнувањето на својот пород до мигот на неговото губење, овој роман се доживува и како своевидна парабола на тема „Мадона со дете”, парабола која на еден женски, суптилен, мајсторски расприкажан и поетски сугестивен начин алармира за потребата од хуманистички ангажман во мигот во кој се појавува (1974 година), потреба која и денес, по изминувањето на четири децении, е сè уште насушна и можеби уште поактуелна.

Историја е редок пример на поетизирана феминистичка историографија. Историјата видена од женски агол, преку перото на Елза Моранте, во својот песимизам и резигнација, носи и една силна нишка на хуманизам и надеж за негување на основните човечки инстинкти за љубов, солидарност, семејна среќа, детска игра… Овој роман има уште многу што да им каже на новите генерации, а пред сè, да им понуди задоволство на читателите.

SKU: 023617
Категории:,
ISBN:9786082234052
АвторЕлза Моранте
Издавач:Магор