Јасновидец… трагичен македонски пророк

370 ден

“Кога бев на студии во Белград, често се гледав со него. Така, кога ја отпечати на македонски јазик збирката песни „Бели мугри“ во Самобор (Хрватска), ме замоли да појдам таму и, ако можам, да земам со себе што повеќе примероци од неговата збирка. Ми даде овластување…

На залиха

“Кога бев на студии во Белград, често се гледав со него. Така, кога ја отпечати на македонски јазик збирката песни „Бели мугри“ во Самобор (Хрватска), ме замоли да појдам таму и, ако можам, да земам со себе што повеќе примероци од неговата збирка. Ми даде овластување, и јас отидов во Загреб, каде што се поврзав со нашите студенти. Потоа отидов во Самобор и ја најдов печатницата.” – Киро Глигоров

“За неговата порака, кога ме поведоа на судење, со крикот: Ќе победиме!
Но и за премрежето на победата и слободата: за сребрениот куршум на власта. За низата порази од кои се нанижа долгата редица изродувања на овој полвек. На заумниот, болештина, пат од револуција до автоконтрареволуција.
Се докажа и со неговиот пример дека македонската дарба и јасновид се раѓаат за жртва, за поттурнување, за порекнување, за бојкот, имено од најблиските, за братски нож в грб.” – Коле Чашуле

„Ни покажаа каде е приближно гробот на Кочо и јас силно замавнав со копачот. Притоа, со врвот од копачот го пробив черепот на покојникот. Кога го откопавме плиткиот гроб пронајдовме леш и делови од облека, шинел, чевли… Телото на Рацин беше како мумифицирано, нераспаднато, како да е жив. Дури и косата не му беше падната. Шинелот веднаш го однесоа некаде, како да не сакаа да го видиме. Сè што најдовме од лични предмети, ставивме во дрвен сандак.

Ме прашуваш дали имаше делови од завој!?? Не, ми се чини такво нешто немаше на лешот… Чудно е тоа, не го ни превиле и го оставиле да искрвави!!” – Кочо Солев, внук на Рацин

ISBN:9786085087280
АвторСтавре Џиков
Издавач:Академска мисла