ЈОРГОВАНОТ СЕКОГАШ ЦВЕТА ПО ЗИМАТА

249 ден490 ден

На залиха

Инспириран од животот на вистинска хероина од Втората светска војна, овој фален роман ни ја открива приказната за љубовта, заслужената прошка и страшните тајни кои со децении биле сокриени.

Керолајн Феридеј е поранешна холивудска актерка и соработничка во францускиот конзулат во Њујорк, чијшто живот засекогаш се променил кога војската на Хитлер влегла во Полска, а потем тргнала кон Франција. На другата страна на океанот полската тинејџерка Касја Кузмјерчик се’ повеќе се вплеткува како курир во тајното движење на отпорот. Во Германија младата лекарка Херта Оберхојзер се јавува на оглас за работа во државна институцуја – за да се најде заробена во светот на нацистичките тајни и моќ каде доминираат мажите.

Животот на овие три жени ќе се испреплете кога ќе се случи незамисливото и кога Касја ќе ја испратат во Равенсбрик, озлогласениот нацистички концентрационен логор за жени.