Цело време околу нас се случуваат работи што нашите сетила не можат да ги уловат.
По трагичната смрт на родителите во пожар, четиринаесетгодишниот Ричард е посвоен и оди да живее во едно далечно, провинциско гратче во кое не може да најде никаква смисла – ниту вистински пријатели.
Кога при една прошетка крај реката неговиот соученик Том исчезнува, сомнежот паѓа врз него. Никој не му верува дека телефонската говорница покрај шумата го вовлекла Том во слушалката, како во хорор-филм. Следејќи ги трагите што полицијата одбива да ги истражи, се јавува на истиот број. И тогаш започнува вистинскиот хорор…
Кога и друг негов соученик исчезнува, Ричард мора да најде начин да го зачува разумот и да ја докаже својата невиност. Истражувањето го носи во полураспадпадната палата во шумата, на чиј прозорец здогледува едно лице – познато лице. Местото е обземено од црна магија, која ја опседнува и неговата единствена другарка која му верува и која е подготвена да му помогне. Но од друга страна, можеби Ричард не е е најсигурниот раскажувач на сопствената приказна…



