Во своите средни педесетти години, финансискиот аналитичар Феликс Хенкок е шармантен, сè уште привлечен маж од Сан Франциско кој има солидна бизнис кариера, но и извесен личен багаж зад себе: два неуспешни бракови и три деца. Во сегашноста, тој е искрено вљубен во својата трета и значително помлада сопруга, Јустина Бовенс – клинички доктор за детска психологија и воедно, ќерка на познатиот американски психијатар, Џулијан С. Елиот.
Но, навидум идиличната брачна врска крие опасни замки, како и бројни искушенија.
Феликс е силно детерминиран да успее – сакајќи да се издигне во светот на финансиите, тој ќе изгуби голем дел од вложените средства во акции на берзата во Њујорк. Во меѓувреме, Јустина е преокупирана со својата лична битка за потомство. Ситуацијата дополнително ќе се вжешти со неочекуваното цунами кое што ќе ги заплисне бреговите на Санфранцискиот залив, доаѓајќи откај Пацификот. Како и со присуството на опасен киднапер и сериски убиец, во градот што веќе е зафатен со потполна паника.
Дали сопругот ќе успее да ја задржи нежната и суптилна хероина крај себе, дури и покрај сите предизвици на животот?
И што ако, ова се последните денови на вистински доживеана среќа во неговиот живот…?



