В раце држите уште еден подарок од д-р Џозеф Марфи за вас, за подобар и посреќен живот, за напредок во секој поглед. Во секое од тринаесетте поглавја големиот американски духовник се осврнува на некој од општочовечките проблеми, го објаснува и дава корисни упатства за негово решавање.
ЉУБОВТА Е СЛОБОДА – само кога искрено сакате, имате вистинско чувство на слобода.
МЕНТАЛНИ ОТРОВИ И ПРОТИВОТРОВИ — менталните отрови се негативните мисли што дејствуваат во вашата потсвест.
СМЕНЕТЕ ГО ЧУВСТВОТО ЗА СВОЕТО „ЈАС” – сфатете дека вашето „ЈАС“ е божествено, засакајте го и ќе ви следуваат сите можни добра.
ОСТАНЕТЕ ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ – пред сè, важно е духот да ви биде млад.
КАКО ДА ГИ ПРИВЛЕЧЕТЕ ПАРИТЕ – ваше право е да бидете богати.
ИСЦЕЛУВАЧКАТА МОЌ НА ЉУБОВТА – од човекот што љуби бегаат болестите и несреќите.
Сигурно многупати во животот сте си го поставиле прашањето: Зошто ми се случува ова? Па, еве ви го одговорот!



