Како да зборувате и како да слушате

650 ден

Овој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологија, напишан од меѓународно признати експерти за комуникација меѓу родители и деца, содржи голем број важни сознанија и предлози, но и методи (за коишт…

На залиха

Овој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологија, напишан од меѓународно признати експерти за комуникација меѓу родители и деца, содржи голем број важни сознанија и предлози, но и методи (за коишто се покажува дека успешно го издржуваат тестот на времето) за решавање на честите проблеми коишто се среќаваат во рамките на оваа комуникација и за градење основи за трајни врски, вклучувајќи бројни иновативни начини за:

• Справување со негативните чувства на вашето дете, како што се фрустрира-носта, лутината и разочарувањето.
• Изразување на вашите силни чувства без притоа никого да повредите.
• Остварување ефективна соработка со вашето дете.
• Поставување цврсти граници и одржување на добра волја.
• Користење алтернативи за казнување кои поттикнуваат самодисциплина.
• Разбирање на разликата помеѓу корисните и некорисните пофалби за одделни поведенија.
• Мирно разрешување на семејните конфликти.

Ентузијастички фален и од родителите и од бројни експерти од оваа област низ светот, пристапот на Фејбер и Мазлиш ги прави односите со децата од сите возрасти помалку стресни и, општо земено, повредни и позадоволувачки.

SKU: 039325
Категории:,
ISBN:6082436636
АвторАдел Фејбер, Илејн Мазлиш
Издавач:Антолог