Приказна од која ќе останете без здив, приказна за патувањето на една мајка која сака да го спаси своето дете, да го обедини своето семејство, и да верува во невозможното. Дијана Чејмберлен ги притиска границите на вербата и науката за да ви презентира еден роман кој никогаш нема да го заборавите.
„Дали една приказна може да биде толку непредвидлива и да допре до срцата на читателите? Ако е напишана од рацете на Дијана Чејмберлен, да, може. Ќерката од соништата ќе ги воодушеви читателите, ќе се соочат со неочекувани пресврти до последната страница“. – Тереза Ен Фолер, една од најпродаваните авторки според Њујорк тајмс и авторка на 3: приказна за Зелда Фицџералд
„Чејмберлен пишува со натприродни способности… Судбина, пропаст, можности и надеж испреплетени во четиво кое ќе ве остави без здив и во неверување“. – Пам Џеноф, најпродаваниот автор на Њујорк тајмс и автор на Вагонот со сираци



