Додека нејзините колеги го истражуваат бруталното убиство на еден истакнат бизнисмен, Џесика Ниеми мора да се соочи со демоните од своето минато во овој застрашувачки нов роман на авторот на „Верниот читател“, чии книги се најдоа на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“.
Mоќниот директор Елиел Цетерборг е пронајден убиен во својот луксузен дом во Хелсинки. Случајот што на почетокот изгледа едноставен набрзо се усложнува кога станува јасно дека убиецот има и други луѓе на мета. Единствената трага што ја има полицијата е фотографија од Цетерборг со тројца мажи чиишто лица се целосно изгребани.
Детективката Џесика Ниеми зела отсуство од работа во хелсиншката полиција за да ја пронајде мистериозната група што за малку ќе ја убиеше, а нејзиниот партнер Јусуф е назначен да ја води истрагата. Но како што навлегува во случајот, тој сфаќа дека му е потребна помошта на Џесика. Како што навлегуваат сè подлабоко во истрагата, сфаќаат дека злото што го гонеа цело време се појавило повторно и чека вистински момент да нападне.



