КОЈ ТРОПА НА ПРОЗОРЕЦОТ

199 ден450 ден

На залиха

Враќајќи се дома во една дождлива ноќ, Кал Вивер застанува на црвено светло и напрво не и’ обрнува внимание на тинејџерката во истуткана облека која се обидува да стопира – дури ни во мигот кога таа му тропнува на прозорецот. Но, кога ќе сфати дека таа е една од соучениците на неговиот син Скот, знае дека не може тукутака да ја остави на милост и немилост на времето и кој знае на уште што не’.

Кал е сосема свесен дека влегувањето на една тинејџерка во неговото возило и не е многу умно ама, пак, каква неволја би можело да предизвика тоа?

За време на нивното кусо патување, Кал открива дека Клер Сандерс не е таква каква што изгледа. А сепак, не може ни да си ги замисли последиците од неговиот обид да и’ помогне. Следното утро открива дека од добар Самарјанин се претворил во осомничен за убиство и, со една мртва девојка и уште една исчезнатата, тој ненадејно и неочекувано влетува во средината на смртоносната сложувалка која како мрежа се раширила низ малиот град Гифон – од насилничката полиција до чудно таинствениот градоначалник – и на крајот до една шокантна семејна тајна.

SKU: 021523
Категорија: