Крајот на патот

450 ден

Семејството на Ана Блажински, жена на речиси деведесет години, решава да ја пресели во дом за стари лица. Една правнука ја добива деликатната задача да ја посети и да ја убеди да ја прифати оваа одлука. Но посетата добива неочекуван пресврт. Ана почнува да ѝ раскажува на девојката…

На залиха

Лиљана Коробка (1975) е молдавско-романска писателка. Родена е во Република Молдавија. Докторирала филолошки науки на Универзитетот во Букурешт. Во 2003 го објавила своето прво книжевно дело за кое веднаш добила две високи книжевни награди во Романија. Авторката е на неколку романи и на една монодрама. Добитника е на стипендии и престои за уметници во Германија, Австрија, Франција и во Полска. Во нејзините дела и научни истражувања се фокусира на темите како: цензура, книжевност во егзил, идентитет, маргиналност и историска траума.

Семејството на Ана Блажински, жена на речиси деведесет години, решава да ја пресели во дом за стари лица. Една правнука ја добива деликатната задача да ја посети и да ја убеди да ја прифати оваа одлука. Но посетата добива неочекуван пресврт. Ана почнува да ѝ раскажува на девојката за кошмарниот период од својата младост, кога била депортирана во степите на Казахстан. По ужасното патување, заедно со илјадници луѓе натикани во вагони за транспорт на стока, помислила дека конечно ќе се препушти на љубовта. Но за Ана следувале уште десет години тежок живот — во време на војна и глад. Вербата во Бога и надежта дека ќе преживее ѝ давале сила. Прабабата ги ниже своите болни спомени, понекогаш стоплени од зраци светлина, зашто „приказната има моќ, приказната го изгонува нечестивиот, ама ја изгонува и смртта“.

Базиран на вистински сведоштва, романот на Лиљана Коробка е патување низ мракот од потресни настани во кое дури во последниот момент откриваме што се наоѓа на „крајот од патот“.

SKU: 039499
Категории:,
ISBN:6082438191
АвторЛилјана Коробка
Издавач:Антолог