Кругови

420 ден

Делото на Санде Стојчевски – сега не зборувам само за Болката на јаболкото, туку за целиот негов опус – исплетено е од една нишка која целосно може да се расплете и пак да се сплете, така што ни најмалку не нè зачудува што во него ги наоѓаме, и во раната поезија, и во есеите, и во манифестот…

На залиха

Делото на Санде Стојчевски – сега не зборувам само за Болката на јаболкото, туку за целиот негов опус – исплетено е од една нишка која целосно може да се расплете и пак да се сплете, така што ни најмалку не нè зачудува што во него ги наоѓаме, и во раната поезија, и во есеите, и во манифестот, истите поетски искри што го озвучиле Јаболкото, па за да биде чудото уште поголемо, тоа го наоѓаме, дури во естетски посупериорен вид, и во подоцнежната поезија на Стојчевски, а пред сè во онаа што ја ритмува до крај неговата поетика, која така е и насловена, Великата лирска песна, тоа чудесно дело во кое облоста е дадена, и целината на јазикот, како поетска милозвучност и многузначност.
*Митко Маџунков

Творечката лабораторија на Санде Стојчевски го открива него како еден јарок и модерен европски поет. За да ги подвлечам овие зборови, ќе ги повторам: Санде е еден јарок, модерен европски поет.
*Љубомир Левчев

Поетот, есеистот, препејувачот, авторот на манифести, Санде Стојчевски, е една од најмаркантните личности на македонската книжевност од последните децении: една церебрална појава на авангардата во која, поради соптвеното неспокојство, внесува неспокојство…

Комплексно и извишено, произлезено од дух за да го воспитува духот, лирското дело на Стојчевски, всушност, зачекори отаде тесната врата која води кон апсолутот на лирата, општопознат под името: трајност / неодминливост.
*Думитру М. Јон

SKU: 039807
Категории:,
ISBN:9786081011784
АвторСанде Стојчевски
Издавач:Матица македонска