КУБАНСКИ ЖЕНСКИ ВОДИЧ ЗА ЧАЈ И УТРЕШНИНА

490 ден

На залиха

Лила Рејес никогаш не очекуваше дека ќе мине едно цело лето во Англија. Нејзиниот план беше едноставен: да ја преземе улогата на баба и’ како главен готвач во пекерницата, да се пресели кај нејзината најдобра другарка и да живее среќно со своето момче. Но, три несакани настани предизвикаа сиот план да се распадне, вклучително и Лила.

Загрижени за нејзиното ментално здравје, нејзините родители прават нов план за неа…да помине три месеци кај нивни роднини во Винчестер, за да се релаксира и одмори. Сепак, Англија не успева да ги исполни очекувањата на Лила. Недостатокот на сонце, намќорестата готвачка во гостилницата каде престојува и пригушената атмосфера на малиот град, се сосема спротивни од енергичноста на Мајами, правејќи Лила да се чувствува како да живее во кошмар, наместо како на одмор од соништата. Меѓутоа, животот и’ носи пресврт кога го запознава Орион Максвел, сопственик на локална продавница за чај со сопствени проблеми. Орион станува нејзин туристички водич, покажувајќи и’ ја убавината на Винчестер и помагајќи и’ да се чувствува подобро додека таа минува низ трнлив пат кон самооткривање. Истражувајќи го неговото секојдневие, таа испишува нова приказна исполнета со возбуда и неизвесност, подалеку од границите на нејзините минати планови.

Број 1 Њујорк тајмс бестселер и врвен избор од Клубот на книги на Рис Витерспун – Hello Sunshine

SKU: 037891
Категорија:
Tag: