Лорд Џим

350 ден

Лорд Џим (1900) влегува во редот на најзначајните романи на Џозеф Конрад кои веднаш по објавувањето се рангирани меѓу најмоќните и најпоетските романи напишани на англиски јазик. Станува збор за суптилна проза што се занимава со комплексни филозофски…

На залиха

Лорд Џим (1900) влегува во редот на најзначајните романи на Џозеф Конрад кои веднаш по објавувањето се рангирани меѓу најмоќните и најпоетските романи напишани на англиски јазик. Станува збор за суптилна проза што се занимава со комплексни филозофски и етички прашања што поединецот си ги поставува во врска со неговиот однос кон заедницата.

Романот е производ на еден специфичен момент во историјата на британското општество кога стариот вредносен систем, кој сè уште е во сила, коегзистира со новото чувство за проблематизираната индивидуалност.

Во центарот на настаните се наоѓа Лорд Џим, еден вид донкихотски лик, распнат меѓу замислената претстава за себеси и суровата реалност. Неговата трагична грешка е што не може да го премости јазот меѓу своите херојски идеали, кои се дел од неговата фантазија, и практичното дејствување што припаѓа на реалноста.

Книгата претставува врв на прозното мајсторство на Конрад, комбинација од вешт стил и софистицирана структура. Настаните се раскажани преку неколку раскажувачи, согледани од различни гледни точки, при што хронолошкиот редослед често е измешан. Со тоа авторот ја доловува комплексноста и суштинската недофатливост на модерната човекова егзистенција…

ISBN:9786082232430
АвторЏозеф Конрад
Издавач:Магор