ЛОВЕЦ НА БОГАТСТВО

440 ден630 ден

На залиха

Шарлот Берд е богата наследничка која штотуку ја воведуваат во високата класа. Таа не се снаоѓа добро во тесните стеги на пуританските строги правила и спасот го пронаоѓа во новото хоби – фотографијата, уметност која се’ уште предизвикува сомнежи кај благородниците.

Капетанот Беј Мидлтон е привлечен, млад човек и најдобар коњаник во Англија. Откако неговото семејство ќе претрпи финансиска загуба, тој губи надеж дека ќе поседува сопствен коњ со кој би победил на Големата национална трка. Но, кога Шарлот ќе го запознае Беј, таа добива впечаток дека тој целосно ја разбира и не ја гледа само како богата наследничка. Набргу потоа, во Англија доаѓаавстриската царица Елизабета, прочуената убавица Сиси, со намера да побегне од строгиот австриски двор кој ја задушува и тука да ја помине ловната сезона. И самата извонредна на седлото, Сиси бара да и’ го обезбедатнајдобриот водич во Англија. како придружба и’ е доделен капетанот Мидлтон. Наклонет кон женската убавина и неодлучен во своите амбиции, освен во една – да победи на Големата национална трка, Мидлтон започнува романса со царицата.

Заплеткан во мрежата на чувствата, помеѓу интелегентната, но неугледна англиска девојка, и надмената и занесна царица, Беј не’ води низ неодоливата приказна за јавниот живот и тајните копнежи на големите историски личности на викторијанскиот период.