Еден врнежлив петок, професорот Ендру Мартин од универзитетот во Кембриџ решава една од најголемите математички загатки на светот. И потоа исчезнува.
Кога ќе го најдат како шета гол покрај автопатот, професорот Мартин изгледа некако поинаков. Покрај тоа што е без облека, тој сега сфаќа и дека обичниот нормален живот е бесмислен. Неговата љубена сопруга и синот тинејџер му се чинат одвратни. Всушност, тој ги мрази сите на планетата. Сите, ете, освен Њутн. А тој е куче.
Дал идела од Дебиси и Емили Дикинсон можат да го одвратат од убиство? Дали може видот што го измислил евтиното бело вино и сендвичите со путер од кикирики да биде толку лош? И како се вика она топло чувство што го поплавува кога ќе ја погледне сопругата в очи?