МАЈКИ И ЌЕРКИ

299 ден550 ден

На залиха

Кога сопругот на Наоми почина, таа мислеше дека нејзиниот живот веќе завршил. Две години подоцна таа повторно го среќава Елис, нејзината симпатија од универзитетските денови. Има само еден проблем: таа никогаш не им ја кажала на своите ќерки вистината за Елис и нивната заедничка историја. Ќерките на Наоми, Марта и Вилоу, се различни како ден и ноќ. Марта е тврдоглава, одлучна и одговорна личност која секогаш ги остварува своите цели. За разлика од неа, Вилоу има слободен дух и нема зацртани цели во животот. Но, се’ се менува кога таа се сели кај нејзиното момче, шармантниот Рик, кој и самиот крие една мрачна тајна.

Кога врската на Наоми и Елис се продлабочува, Наоми се наоѓа во ситуација каде е присилена да донесе тешка одлука: дали да им ја открие на своите ќеркитајната што со години ја измачува? И како ќе реагираат тие кога ќе ја откријат шокантната вистина? Ова е приказна за љубовта, загубата, предавството и надежта и за семејните односи кои можат да бидат нарушени од одлуките кои ги носиме и тајните кои ги криеме во себе.

Book Author