Книгата Југословенството меѓу траумата и идентитетот тргнува од фактот дека идејата за југословенството во голем степен го има обележано формирањето на културните идентитети на овие простори. Впуштајќи се во реконструкција на оваа идеја, Крамариќ е свесен за проблемите на веродостојноста при нејзиното осмислување. Како и секоја друга историска или културна траума, соочувањето со југословенството, сепак, е нужно за анализа на современите, често неуспешни обиди за либерализација на општествата. За таа цел Крамариќ ги преиспитува влијанијата на дискурзивните конструкции на идејата за југословенството или нејзината другост, но резултатите од своето читање ги потврдува со конкретните материјални околности што беа карактеристични, на пример, за комунистичкиот режим или за хрватската пролет. Во дослух со различни мислители (Лиотар, Брубејкер, Дерида, Баба), различни дисциплини и теориски согледувања (постколонијалната критика, културолошката антропологија, постструктурализмот, психоанализата), Крамариќ со својот заводлив есеистички стил, проникнат со проживеаната култура, предупредува на погубните последици од одложувањето на критичкото промислување на идејата за југословенството, која е исклучително важна за воспоставување на постјугословенските простори.
Меѓу траумата и идентитетот
330 ден
Книгата Југословенството меѓу траумата и идентитетот тргнува од фактот дека идејата за југословенството во голем степен го има обележано формирањето на културните идентитети на овие простори…
На залиха



