МИ ПРИПАЃАШ МЕНЕ

450 ден

На залиха

Истрагата на суровите убиства што ја води детективот во Одделот за убиства, Џ.Д.Фицпатрик ќе го одведе до вратата на медицинскиот патолог, доктор Луси Траск. Ниту детективот, ниту докторката не знаат зошто таа го привлекла вниманието на убиецот. И додека се обидуваат да откријат, мртвите тела продолжуваат да се натрупуваат, а Луси може да стане следна застрашувачка жртва во низата.

И додека се откриваат страшните детали за злосторствата на убиецот, полека почнува да зоврива и привлечноста меѓу патологот и детективот Фицпатрик. Меѓу тајните кои секој од нив ги крие и професионализмот што мора да го задржат, на прв поглед изгледа неверојатно дека Луси и Џ.Д.Ф можат да развијат љубовна врска. Минатото на Луси, кое се заканува да и` ја уништи иднината со Џ.Д. и решителноста на злосторникот да ја изврши одмаздата до крај ја исполнуваат секоја страница со драма што ги смрзнува коските.

SKU: 018012
Категорија:
Book Author