МИСТЕРИЈА-МАТИЦА

420 ден

На залиха

Тед Мекеј има се`: прекрасна сопруга, две ќерки и добро платена  работа. Но, откако ќе открие дека  има терминален тумор на мозокот, си става пиштол на главата подготвен да го повлече чкрапалото… И тогаш, некој му заѕвонува на вратата.

Туѓинецот на прагот има необичен предлог: зошто да не убие двајца луѓе кои заслужиле да умрат? Првата цел е кјриминалец, а втората маж со неизлечив рак кој, исто како Тед, сака да умре. По извршувањето на овие убиства, Тед би станал нечија друга цел – како дел од самоубиствен ѓердан. И тој ја сфаќа логиката на непознатиот: за семејството на жртвата полесно ќе биде да се справи со убиство отколку со самоубиство.

А сепак,  додека ги извршува убиствата, местата на злосторстватаму се некако чудни на Тед. Целите му го знаат името и поседуваат семејни споменари. Што е уште почудно, Тед ги препознава куќите и мажите кои не би требало воопшто да ги знае. И…како неговиот ум почнува да распукува, така сите мрачни тајни од неговото минато почнуваат да капат низ пукнатините.

 

SKU: 029776
Категорија: