Животот е убав за триесетгодишниот Овен Стерлинг. Но, кога за време на медениот месец ќе му се случи огромна трагедија, иднината на која што се надевал е целосно распарчена.
Откако времето што го помина со семејството и со пријателите во Америка не му ја намали болката, Овен одлучува да се врати во Азија и да се помири со сопственото минато. Една случајна средба го зближува со Сучин, млада Тајланѓанка која се бори со сопствените демони. Инспирирана од неочекуваната блискост и поврзаност, оваа чудна патувачка двојка тргнува кон Непал, а наскоро започнува и неверојатното искачување на Хималаите. Соочувајќи се со сопствените сомнежи, но и со се` друго – од бандити до свлечишта и болести – Овен и Сучин се искачуваат се` повисоко, а нивната врска се зацврстува со секој нареден чекор.
Сепак, сенките од нивното минато се надвиснуваат над нив, темни и заканувачки. И, макар што обајцата бараат повторно раѓање во оваа прекрасна земја што не простува, ниеден од нив не знае дали ќе стигнат до легендарниот врв…Искачувањето може да ги скрши…или да ги спаси.