Мојенка

420 ден

Магдалена, која мајка ѝ од милост ја вика Мојенка, ги сака шумата, мовта, папратите, различните нијанси на зелена боја, животинските траги и роговите. Но не ги сака своето невозможно име, фармата каде што животните се во затвор и наставникот по природа кој не го сака тоа што го сака таа.

На залиха

Магдалена, која мајка ѝ од милост ја вика Мојенка, ги сака шумата, мовта, папратите, различните нијанси на зелена боја, животинските траги и роговите. Но не ги сака своето невозможно име, фармата каде што животните се во затвор и наставникот по природа кој не го сака тоа што го сака таа. А најмногу од сè, не ги сака паразитите, габите на болните лисја од дрвјата и раковите. Зошто? Затоа што нејзината мајка е болна.

Моќна приказна за девојче кое мора да се соочи со ситуации-та кога сериозна болест влегува во животот на најблиските. Благодарение на соодветна доза хумор, емпатија и способност-та правилно да се дозираат емоциите, авторката чувствително на децата им претставува тема што се избегнува во литературата за деца и млади.

SKU: 039248
Категории:,
ISBN:9786082522487
АвторОлга Стехликова
Издавач:Македоника Литера