Монтана

420 ден

„Монтана“ е наградуван роман и оценет како брилијантно дебитантско дело. Приказна која сугестивно, директно и искрено ја отсликува молдавската советска и постсоветска реалност, општествена трансформација, преобразба и деградација и човечките проклетства и судбини.

На залиха

„Монтана“ е наградуван роман и оценет како брилијантно дебитантско дело. Приказна која сугестивно, директно и искрено ја отсликува молдавската советска и постсоветска реалност, општествената трансформација, преобразба и деградација и човечките проклетства и судбини. „Монтана“ е роман – копнеж по нормалноста, за човечката силна волја за излез од безнадежноста, безизлезноста и очајот, за бегство од затворениот свет. „Преку Монтана ја имаме, можеби, најсериозната и највистинитата проза за енклавата наречена ‘Приднестровје’.“ (Еуген Лунгу). „Книгата има трилерски ритам и структура, со неочекувани пресврти и неизвесни точки, но стилот на авторот никаде не е драматичен, напротив: тој дозволува впечатокот да се вкорени поради акумулацијата на настани кои се засилуваат, се преклопуваат, се пресекуваат од играта на настани и случајности.“ (Викторија Диаконеску)

ISBN:9786082522371
АвторАлександру Попеску
Издавач:Македоника Литера