Селестрија секое лето го поминува во Пендрифт Хол, стара господска куќа, која со генерации е дом на сеемјството Монтагју. Но, тоа лето, во 1958 година, идиличниот одмор завршува со мистериозна трагедија и со сознанието дека семејството би можело да го изгуби домот, што го крши срцето на младата Селестрија и ги урива сите нејзини илузии. Соочена со тага и финансиска пропаст, но охрабрена од нејзиниот дедо, американски магнат, Селестрија ја презема улогата на детектив да ја разреши бизарната загатка. Потрагата ја доведува до живописната Апулија на југот на Италија, до збунувачки лавиринт полн со измами, но и до вистината за нејзиното семејство, нејзиното минато и нејзината иднина.
Романтична приказна за семејните тајни, за победата на љубовта инспирирана од мирисите и звуците на Италија и од нејзината блескава убавина која целосно ја исполнува душата.