НАД ДОЖДОТ

399 ден590 ден

На залиха

Мигел и Елена се среќаваат во старски дом во Терифа, на возраст во која веруваат дека проживеале се’. Мигел се плаши да лета. Елена е смртно преплашена од морето. Далеку од децата, тие чувствуваат дека не се потребни никому. Драматичното самоубиство на едниот од станарите во домот им ги отвора очите. Тие не сакаат да ги поминат последните денови во копнеење по божемно поубави времиња, па затоа решаваат да тргнат на најголемото патување во нивните животи – за да се соочат со мракот во нивното минато и за да откријат дека ништо не е завршено се’ додека човек има соништа што сака да ги исполни.

Во меѓувреме, во далечниот шведски град Малме, младата Јасмина, ќерка на марокански имигранти која сонува да стане пејачка, живее заробена помеѓу контролата на нејзиниот авторитативен дедо Абдул и презирот на мајка и’ која се срами од јасмина затоа што таа работи за Швеѓанец со матно потекло. Во исто време ја одржува и тајната романса со заменик-началникот на Шведската полиција, постар и важен човек.

И, додека Јасмина тоне се’ подлабоко во криминалното подземје на Малме, а Мигел и Елена се приближуваат кон крајот на нивното трескавично патување, Виктор дел Арбол мајсторски и величествено ја насликува историјата на насилство што цврсто ги поврзува нивните навидум различни животи.