Не можеш да се скриеш

550 ден

По ненадејното раскинување на врската, студентката по педа-гогија Солдис е принудена набрзина да најде нова работа.

На залиха

Со надеж и малку наивен ентузијазам ја прифаќа понудата да стане приватна учителка на двете ќерки на богат брачен пар кој живее во изолиран, зашуштен крај на еден рурален предел, во луксузен, но студен имот. Иако нејзините нови рабо-тодавачи и предизвикуваат вознемиреност, а секојдневието во осамената околина постепено ѝ буди мрачни претчувства, Солдис решава да остане – да ги потисне ст-равовите и да се соочи со непознатото. Но дали тоа ќе се покаже како храбар избор или како фатална грешка?

Во меѓувреме, полицискиот истражител Тир, по долги години минати во Шведска, се враќа на родниот Исланд, обидувајќи се да започне ново поглавје во животот. Штом се приклучува кон криминалистичкиот тим во Рејкјавик, ввлечен е во истрага за злосторство какво што не можел ни да замисли – брутално четворно убиство што ја потресува мирната островска заедница. Но вистинскиот кошмар за Тир допрва започнува: сликата на згаснатите животи на невините жртви ќе го прогонува подлабоко од што можел да претпостави.

SKU: 039577
Категории:,
ISBN:6082438418
АвторИрса Сигурдaрдотир
Издавач:Антолог