АНОТ НА ЗАГУБЕНИТЕ ДУШИ

349 ден590 ден

На залиха

Лион, 1896 година. Бланша е примерна сопруга на процуен производител на свила. И покрај тоа што си ги сака децата, премногу ја притискаат строгите правила на буржоаскиот живот што го живее. Се’ додека не го сретне Салим, богат трговец од Дамаск. Се откажува од се’ поради неочекуваното ветување на среќа, а патиштата на свилата стануваат нејзини страсти и прогонства: нејзините деца растат верувајќи дека мајка им е мртва, а Бланша создава нов живот за себе на Левант.

Кога Франција ќе влезе во војна, Отоманската Империја го задушува во крв арапскиот бунт.

Фатени во историските превирања, и мајката и ќерката избираат да платат висока цена за слободата. Дали засекогаш ќе бидат раздвоени? Или еден ден најпосле ќе се најдат лице в лице на работ на пустина?

Во муграта на XX век, во вителот на промените, од фабриката за свила во Лион до урнатините на Палмира, приказната за љубовта и страста  ја прикажува судбината на една жена, премногу слободна за времето во кое живеела…