Нема шума без волци

350 ден

Темните општествените сили поткупуваат секаде каде што е порозно. Здравите и чесни сили се борат со разни средства за својата правда. Современ урбан роман, чие главно раскажувачко јадро е конфликтот помеѓу старец онеправдан со градежна измама и мафио…

На залиха

Темните општествените сили поткупуваат секаде каде што е порозно. Здравите и чесни сили се борат со разни средства за својата правда. Современ урбан роман, чие главно раскажувачко јадро е конфликтот помеѓу старец онеправдан со градежна измама и мафиозно настрвена група луѓе кои сакаат да му го приграбат имотот. Новинар, жеден за журналистичка сензација, но и за личен профит. Предизборен вриеж е милјето на кое се случуваат настаните. Роман за жилавиот сој луѓе кои не го даваат своето, но и за оние другите кои дејствуваат бескрупулозно богатејќи се.
Роман – фреска за сите денешни превирања, кога сите сме во потрага по модел и систем кој ќе биде еднакво справедлив за сите жители. Роман раскажан со речиси филмска напнатост, со живи и животно уверливи ликови, со повеќе текови на дејството кои спонтано се влеваат во главното јадро на моќната фабула. Роман за прочистувањето на постапките, за свеста и совеста, за припадноста и забеганоста, литературен документ за ова наше денешно девијантно но и надежно време, противречно но и со крупни успеси во заздравувањето од криминогени процеси.
Романот „Нема шума без волци“ е напишан стилски чисто и уедначено, со докажаниот по вредности ракопис на угледниот македонски писател Велко Неделковски. Романот е објективно сведоштво за бурни општествени превирања. Тој ги жигосува негативните девијации и силно посветено верува во победата на здравите сили!

ISBN:9786084858218
АвторВелко Неделковски
Издавач:Пагома Прес