Немам страв

420 ден

По смртта на сопругот Тристан, Ана Ред пронаоѓа окер папка со таен ракопис. Пред неа се отвора една внимателно изградена архитектура од зборови. Ракописот сведочи за четири патувања низ годишните времиња со Елис жената кон која Тристан не се осмелил да ја изговори својата љубов.

На залиха

Низ редовите, Ана открива обид на еден човек да се спротивстави на сопствената минливост. Соочен со губењето на сеќавањата, Тристан создава реалност во која љубовта е возможна како чист креативен чин.

„Немам страв” е психолошки роман за границата меѓу фантазијата и вистината. Книга за храброста да се измисли смисла пред лицето на заборавот и за етичката одговорност што ја носи допирот со туѓата интимност. Романот го поставува прашањето дали уметноста може да го замени животот и дали тоа право секогаш ни припаѓа.

„Градев врска што постоеше само во архитектурата на мојот ум.“

ISBN:9786082541143
АвторТрајче Стамески
Издавач:Панили