Ноќта за која зборуваа сите

590 ден

Како се решава убиство? Со следење на лекциите од експертот — Агата Кристи! Ирис и Алиса повторно се наоѓаат во центарот на уште една мистерија во Касл Коув, во продолжението на бестселерот на Њујорк тајмс — Агати, од авторките Кејтлин Глазгов и Лиз Лосон.

На залиха

Алиса Огилви и Ирис Адамс станаа главна тема во Касл Коув кога го решија најголемиот случај на есента: смртта на Брук Донован. Агатите заедно го испратија убиецот на Брук зад решетки и оттогаш градот е речиси нормален. Дури и… тивок.
Но, ако Алиса и Ирис знаат нешто, тогаш тоа е дека тишината понекогаш е само затишје пред бура. Вистината е дека исчезнувањето на Брук не беше првата мистерија што го потресе Касл Коув и нема да биде последна. Па така, кога училишната забава во озлогласениот замок на Леви — местото каде што во 1940-тите мистериозно починала филмската звезда Мона Муди — е прекината поради насилен напад, Ирис и Алиса повторно ги изнесуваат своите табли за убиство и се враќаат на работа.
За да ја разберат сегашноста, понекогаш мора да ѕирнеш во минатото. А ако Агатите сакаат шанса да го решат новиот случај, токму таму ќе треба да почнат да копаат. Само што… откритието можеби и ќе ги убие.

ISBN:9786081011319
АвторКејтлин Глазгов
Издавач:Матица македонска