Оригами

450 ден

Човекот се раѓа двапати: првиот пат за да живее, а вториот пат во адолесценцијата – за да постои.

Тинејџерскиот период е еден од најбурните во животот – и за самите тинејџери и за нивните родители. Оваа книга е отворен разговор, без маски и филтри, б…

На залиха

Човекот се раѓа двапати: првиот пат за да живее, а вториот пат во адолесценцијата – за да постои.

Тинејџерскиот период е еден од најбурните во животот – и за самите тинејџери и за нивните родители. Оваа книга е отворен разговор, без маски и филтри, без шминка и глума, за она што често се премолчува, зашто вистината е најдобриот патоказ за тоа разбранувано, но прекрасно време.

„Оригами“ практично ќе ви покаже како
– да се соочите со конкретни предизвикувачки ситуации и да ги решите пред да прераснат во конфликти
– да се воздржите од советување, обвинување и споредување
– да ги читате молкот и бунтот на својот тинејџер
– да препознаете знаци на можен ризик и опасност
– да ги спречите најчестите здравствени нарушувања во тој период…

Со својата психијатриска стручност, д-р Камелија Симеонова ви помага да ги најдете најдобрите решенија за болните случувања во животот на вашите деца и заедно да ги надминете градејќи ја нивната самодоверба и потврдвајќи ги како личности. Притоа, важно е да не се заборавите и себеси – наместо да се претворите во жртва, одвојте време за секојдневни ритуали што ви ја враќаат рамнотежата и ви го зацврстуваат идентитетот. Мали сидра што сигурно ќе го држат заедничкиот семеен брод и во најголемите бури среде чудесниот период на тинејџерство.

SKU: 039443
Категории:,
ISBN:9786082810546
АвторКамелија Симеонова
Издавач:Три