Отуѓување 2

450 ден

Што се случува кога едно дете постепено се оттргнува од едниот родител?

Што се случува со детскиот ум кога немоќта е посилна од желбата да се имаат подеднакво двајцата родители.

Што е тоа што го тера едниот родител, чистата и наивна детска љубов да…

На залиха

Што се случува кога едно дете постепено се оттргнува од едниот родител?

Што се случува со детскиот ум кога немоќта е посилна од желбата да се имаат подеднакво двајцата родители.

Што е тоа што го тера едниот родител, чистата и наивна детска љубов да ја претвори во оружје со кое ќе му нанесе душевна болка и страдање на родителот кој по разводот не живее веќе во заедница со своето дете.

Оттуѓување е потресна вистинска приказна за еден родител кој се бори да ја зачува врската со своето дете во свет во кој љубовта, вистината и правдата често се губат во лавиринтот на државните институции во кои царуваат манипулациите и човечките слабости.

Таа што започнува како конфликт меѓу возрасни, полека се претвора во тивка борба за детската душа.

Невидлива војна во која зборовите, стравот, уценувањето и манипулациите се „материјалите“ со кои се ѕида ѕидот што го одвојува детето од едниот родител, а неодговорноста, нестручноста и незаинтересираноста на социјалните и на останатите државни институции, „арматурата“ на тој ѕид.

Но љубовта на родителот не исчезнува.

Се бори… чека… верува…

Оттуѓување не е само драма на едно семејство. Тоа е драма на илјадници родители и деца кои се соочуваат со тивката прикриена, но и несоппирлива трагедија.

Ова е книга за љубовта што одбива да се предаде.