Кога ви е тешко да бидете со самите себе или со другите – отворете ја оваа книга.
Се чувствувате прегорено? Ви се распаѓаат врските? Се сомневате во себе? Го губите правецот?… Отворете ја оваа книга секогаш кога ќе ви затребаат охрабрување и мотивација! Зашто таа е водич за животните пресврти. За моментите кога станува комплицирано да се живее. Задолжителен придружник на претходниот бестселер на Џули Смит „Зошто никој не ми го кажал ова порано“. Книга што треба да ја отворите и да ѝ се обратите кога ќе се најдете среде бура.
Кога сте преоптоварени, збунети или претерано самокритични, кога не знаете како да постапите на работа или да се изборите со распаѓањето на врската, советите на Џули Смит ќе ви помогнат да се снајдете нудејќи смиреност, јасност и фокус кон најдобриот пат што води напред. Овие се зборовите што треба да ги чуете за да застанете на нозе, чувствувајќи се повеќе од подготвени за совладување на новите пречки што животот ви ги поставил на патот.



