Париската ќерка

520 ден

Приказна за две мајки кои ќе мора да донесат незамисливи одлуки пред налетот на нацистичката окупација.

Париз, 1939: Елис и Џулиет се запознаваат во паркот Булоњска шума и стануваат неразделни пријателки.

На залиха

Приказна за две мајки кои ќе мора да донесат незамисливи одлуки пред налетот на нацистичката окупација.

Париз, 1939: Елис и Џулиет се запознаваат во паркот Булоњска шума и стануваат неразделни пријателки. На нивната среќа и нема крај, бидејќи и двете набрзо ќе станат мајки. Но, ветриштата на војната навестуваат дека нивните животи набрзо ќе бидат неповратно променети.

Кога Елис станува мета на нацистите, таа ѝ го доверува на Џулиет најскапоценото нешто во нејзиниот живот – нејзината ќеркичка. Но, никаде не е безбедно во војна, дури ни во малата тивка книжарница на Џулиет која станува цел на неколку бомбардирања. Светот на Џулиет е уништен заедно со неа.

По завршувањето на војната, Елис се враќа назад очекувајќи дека конечно ќе ја види својата ќерка, но наоѓа само урнатини, а Џулиет заедно со нејзиното семејство се исчезнати.

Што се случи со ќерката на Елис во тие последни, ужасни моменти? Каде исчезна Џулиет однесувајќи ги со себе сите одговори? Нејзината потрага ја води Елис во Њујорк и до Џулиет.

SKU: 037895
Категории:,
ISBN:9786082621654
АвторКристин Хармел
Издавач:Култура