ПИСМА ДО ЗАГУБЕНАТА ЉУБОВ

249 ден450 ден

На залиха

Доцна во ноќта, една студена февруарска вечер, млада жена трча низ улиците на Лондон. Бегајќи од своето насилно момче и немајќи каде да оди, Џес налетува на мала уличка и една стара куќа во која никој не живее, а која и‘ нуди најдобри шанси за да се засолни. Следното утро пристигнува мистериозно писмо. Не можејќи да одолее, таа го отвора писмото и незапирливо се наоѓа вовлечена во приказната за двајца љубовници од друго време.

Во Лондон, 1942 година, сосем случајно Стела го запознава Ден, американски воздухопловец а, меѓу нив не може да се негира незапирливата привлечност што ги зближува. Ден е пилот Б-17 кој од британската воздушна база лета со својот бомбардер во Европа: неговите шанси за преживување се еден од пет. Среде таква неизвесност, единставената работа за која што се држат, се писмата што си ги пишуваат. Но, судбината е нељубезна и нив ги делат децении и континенти. Во сегашноста, Џес решава да открие што се случило со нив. Нејзината надеж – инспирирана од љубов толку моќна што трае цел живот – ќе ја наведе да најде зачудувачки откуп во сопствениот живот

Book Author