Полицајка в кревет

210 ден

Знаев дека бев бележана заради мојата вклученост во организираната акција со која на проституцијата требаше да ѝ се обезбеди третман на професија. Првите закани уследија по успехот (јас си припишувам дел од тој успех себеси) кога проституцијата од За…

На залиха

Знаев дека бев бележана заради мојата вклученост во организираната акција со која на проституцијата требаше да ѝ се обезбеди третман на професија. Првите закани уследија по успехот (јас си припишувам дел од тој успех себеси) кога проституцијата од Заводот за статистика во Стандардната класификација беше заведена во графата на занимања како професија. Веднаш потоа на Фејсбук се појавија монтирани фотографии со мојот лик и со голо тело на жена на кое преку срамното со големи цифри беше запишана шифрата 5169.03. Знаев дека тоа доаѓа од колеги од Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе, кои сметаа дека полицајката работи спротивно на одредбите на Кривичниот законик. Тие не можеа да ја разберат и да ја прифатат мојата борба за човековите права. Ме сместуваа во сферата на граѓанскиот сектор и велеа дека таквата активност се коси со работата во нашата професија. Тие повлекуваа црвена линија меѓу професионалното и човечкото. Тие не можеа да разберат дека не постојат графи кои ќе ја заробат хуманоста и желбата да им се помогне на оние кои работат за да преживеат, скршени во своето достоинство. Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.

SKU: 019786
Категории:,
ISBN:9786084683131
АвторВеле Смилевски
Издавач:Дијалог