ПОЛНОЌНА РОЗА

330 ден550 ден

На залиха

Во период кога британската империја е во зенитот на својата моќ, единаесетгодишната Аханита од осиромашено благороднчко семејство, се спријателува и зближува со принцезата Индира, разгалена ќерка на еден индиски владетел. Станувајќи нејзина званична придружничка, Анахита во пресрет на избувнувањето на Првата светска војна, заминува зедно со својата пријателка во Англија. Таму го запознаваат младиот Доналд Астбери, наследник на величествен зафрлен посед Астбери, и неговата итра мајка.

Осумдесет години подоцна, Ребека Бредли се издигнува меѓу американските филмски ѕвезди и цел свет и’ е под нозете. Сепак, кога нејзината бурна врска со исто така познат човек ќе тргне во неочекувана насока, таа со огромно олеснување ќе ја прифати улогата на млада убавица од дваесеттите години на минатиот век, која ќе ја одведе подалеку од очите на публиката, во длабочините на дивината Дартмур во Англија. Набргу откако ќе почне снимањето во сега веќе трошниот Астбери хол, неочекувано и ненадејно пристигнува Ари Малик, правнукот на Анахита, во потрага по минатото на сопственото семејство. Тој и Ребека ги откриваат мрачните тајни кои ја прогонуваат династијата на семејството Астбери…