Марион и Шива Стоун, родени во мисионерска болница во Етиопија во педесеттите години на 20век се браќа близнаци од тајната врска меѓу индиска калуѓерка и англиски хирург. Нераскинливо поврзани, а со многу различна природа, тие растат во земја што е на прагот на револуција, се‘ додека не ги раздели предавството. Многу години подоцна, судбината продолжува да си игра со нив кога повторно ќе ги спои на работ на животот во ладната и стерилна операциона сала.
Од четириесеттите години на минатиот век, од манастирот во Индија до товарниот брод на пат за Јемен, од запуштената болница во Етиопија до болничкиот центар во Бронкс, овој роман претставува богата, сложена студија за човечките односи и занесна семејна сага.