ПОРТИТЕ НА ЕВАНЏЕЛИНА

450 ден

На залиха

Кога њујоршката новинарка Чарли Кејтс ќе почне да сонува живописни соништа за деца, и` се чини дека го губи разумот. Меѓутоа, наскоро сфаќа дека тоа не се ноќни кошмари туку пораки што може да и` помогнат и нејзе и на децата што и` се привидуваат, само ако успее да ги сфати. Кога во сон и` се појавува машко дете кое бара помош, Чарли ќе се заплетка во мистериозен случај на исчезнување на дете што никогаш не бил решен. Снабдена со покана за престој на величествениот имот на семејството Дево, Чарли тргнува на југ, каде што наоѓа нови пријателства и неочекувана романса што и` носи исцелување на душата. Но, додека ги открива долго криените тајни за љубовта, за предавството и убиството, фактите почнуваат да укажуваат на оние на кои таа најмногу им верува, а нејзините визии го откриваат злото поблиску отколку што можела да си замисли таа.

SKU: 030473
Категорија:
Book Author