Последната љубовна песна е ненадмината приказна за љубовта и за уништувачката загуба, сместена на селското западно крајбрежје на Ирска и во гламурозниот Лондон, во 1960 година. Откако Сорка О’Донован ќе го запознае Кон Дејли, неверојатно привлечен градски отпадник и музичар, нејзините денови веќе нема да бидат исти. Кон доживува вртоглав успех со рок-бендот Рибарите во Лондон, но нивните животи се менуваат до непрепознатливост зашто ќе се појави и мрачната страна на славата… а разорните тајни од минатото се закануваат да му уништат сè што постигнал.
Дваесет години подоцна Рибарите прифаќаат одново да се соберат за добротворниот концерт Музика за живот, на стадионот Вембли. Ама, Кон исчезнал пред повеќе од една деценија… и постои само еден човек кој може да открие што се случило. Само еден човек којшто знае колку е важно и неопходно да се открие вистината навреме, затоа што, ако се појави Кон, пред да испливаат сите факти, тогаш историјата ќе се повтори со уште потрагични последици.
Лусинда Рајли ја напиша Последната љубовна песна како Лусинда Едмондс, сега преработена и оживеана од Хари Витакер, синот на Лусинда и коавтор на Атлас: Приказната за Тате Солт.



