Во празна училишна зграда е пронајдено безживотното тело на ѕвезда од реално шоу. Жртвата е врзана за стол, свртена со лицето кон аголот на просторијата. Неколку листови хартија со прашања и’ се прикачени на голиот грб. Судејќи според бројот на неточни одговори, жртвата го паднала најважниот испит.
Кога ќе се покаже дека ова е само едно во низата убиства на разни медиумски личности, Себастијан Бергман и неговиот тим го преземаат случајот. Имаат малку траги, но тие упатуваат на автор на анонимни писма, кој се жали на недостигот на образовни идоли со вистинско влијание врз помладите генерации. Себастијан ја фрла мамката и наскоро му станува јасно дека неговиот безимен ривал има информации за убиствата до кои никој – освен полицијата и убиецот – нема пристап.