Пресметка

400 ден

Малата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Родителите веројатно заборавиле да ја земат. Немајќи избор, останува на скалите да чека. Но не е сама. Ѝ се придружува девојче од нејзиното одделение, кое веднаш го препознава поради необ…

На залиха

Малата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Родителите веројатно заборавиле да ја земат. Немајќи избор, останува на скалите да чека. Но не е сама. Ѝ се придружува девојче од нејзиното одделение, кое веднаш го препознава поради необичната појава: ѝ недостигаат два прста на едната рака. Девојчето дава предлог. Вака да го искористи телефон во домот на девојчето, а потоа ќе одат да си играат во собата на Вака. Но, откако ќе влезе во нивната куќа, веќе никогаш нема да излезе.

Дванаесет години подоцна, во истото училиште е пронајдено писмо со иницијали на луѓе што треба да умрат во 2016 година. Како овие настани повторно ги спојуваат детективот Хулдар и психологинката за деца Фреја? Каква е оваа пресметка?

SKU: 035466
Категории:,
ISBN:9786082433684
АвторИрса Сигурдaрдотир
Издавач:Антолог