Џон Дулитл е добар и благороден селски лекар кој сака животни – факт што е очигледен поради златната рипка во езерцето на долниот крај од градината… зајаците во оставата, белите клувци во неговиот клавир, верверицата што многу ги сака и решава да ја напушти својата редовна лекарска практика и да стане лекар за животни. Доктор Дулитл умее и нешто што други лекари не умеат – да разговара со животните!
Решен да им помогне на сите животинки на кои им е потребна помош, Доктор Дулитл тргнува на пат кон Африка, откако ќе разбере дека тамошните мајмуни се разболеле од сериозна болест. На неговото патување го придружуваат неговите верни пријатели: папагалот Полинезија, бувот Ту-Ту, патката Даб-Даб, песот Џип, прасето Габ-Габ и мајмунот Чи-Чи.



